Ковид-19: Над 11 милиони инфицирани лица во Европа, над 46 милиони во цел свет

Над 11 милиони нови инфекции на коронавирус се регистрирани во Европа, според официјалните извори што ги сподели АФП.

На стариот континент се евидентирани најмалку 11.008.465 милиони инфекции и 284.148 смртни случаи од кои, речиси, пола доаѓаат од најпогодените земји – Русија (1.673.686 милион случаи), Франција (1.466.433 милион), Шпанија (1.240.697 милион) и Велика Британија (1.053.864 милион).

Вкупно 46.998.445 милиони заболени и 1.206.930 смртни случаи се регистрирани ширум светот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот