Ковид-19 мерки и во Талин: Естонија-Македонија пред само 250 домашни навивачи!

Фото: kfsm.mk

Малку „олеснителни околности“ за македонската сениорска репрезентација во „балонот“ во главниот град на Естонија. Со најновата одлука односно мерки потив коронавирусот, на естонските власти, ограничен пристап ќе има на оние места од затворен тип, како што се на пример, салите.

Согласно со тоа, ограничен ќе биде и бројот на посетители за време на претстојниот квалификациски турнир. И тоа на бројката од 250 навивачи, многу извесно, на естонската кошаркарска репрезентација.

Се чини поволна вест за нашиот национален состав, кој во оној натпревар на одлука, закажан за 30 ноември, против себе ќе нема и дополнителни 5.000 Естонци.

Гечевски: Најважно ни е здравјето на Димитријевиќ

Новите законски одредби стапуваат на сила за неколку дена, односно на 28 ноември, на денот на започнувањето на „активностите“ во „балонот“ во „Саку Сурхал“ Арената во Талин.

По што на организаторот на турнирот, кошаркарската федерација на Естонија не му преостана ништо друго освен да ја суспендира продажбата на влезни билети за планираните четири натпревари.

Останува на сила, лимитиран број на седишта во Арената – 250, само за дуелот во понеделник навечер во кој Македонија ќе бие битка со Естонија за пласман на една од првите три позиции во групата „Б“ која води на Евробаскетот 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот