Гечевски: Најважно ни е здравјето на Димитријевиќ

Македонската кошаркарска репрезентација на крајот од месецот ја очекуваат настапите во квалификациите за ЕП 2022 година во „меурот“ во Талин, но селекторот Александар Тодоров нема да може да смета на одличниот бек на Хувентуд, Ненад Димитријевиќ.

Дилемите околу неиграњето на Димитријевиќ ги разреши спортскиот директор на репрезентациите, Тодор Гечевски.

– Сакам да појаснам некои работи поврзани со наводен случај кој се создава во нашата кошаркарска јавност, поврзан со Ненад Димитријевиќ. Тој дојде во Скопје, и денеска разговарав со него, за ситуацијата во која се најде откако поради корона вирусот во изминатиот период не беше во состојба да ги извршува своите професионални обврски. Пред сè, за нас, а и за сите други, најважно е неговото здравје. Ќе видиме дали и колку во овој момент Ненад е подготвен да одговори на барањата кои со себе ги носи еден турнирски систем на натпреварување како овој што следува во Талин. Друг непознат момент е што во рок од четири дена, според протоколот на ФИБА, тој мора да има два негативни теста од ковид-19. Затоа, кога ќе ја имаме неговата комплетна здравствена слика, ќе знаеме кои ќе бидат следните чекори – вели Гечевски за официјалната интернет страница за МКФ.

Македонскиот сениорски национален тим денеска е на пат за Талин каде на 28. и 30. ноември ги чекаат дуелите од „Б“ квалификациската група, со селекциите на Италија и на Естонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот