Ковачевски: Шест години по насилствата од 27 април во Собрaнието, сè уште нема извинување од ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Влада на РСМ

Премиерот Димитар Ковачевски денешната собраниска седница за пратенички прашања ја почна со изјава дека очекува на шестгодишнината на настаните од 27 април во Собранието, да добие извинување од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но наместо тоа гледа дека има наградување на лицата кои го сторија насилството.

-Јас најпрво очекував дека на денешниот ден некој ќе стане од партијата ВМРО-ДПМНЕ и конечно да се извини за најгрозоморниот чин кој што се има случено во ова Собрание кога на најкравав начин беа тепани пратеници и други службеници во Собранието, само со цел да се задржи власта. Но, еве шест години по ред извинување нема, туку напротив има наградување со финансиски средства од буџетот, на оние кои го извршија тој чин, изјави Ковачевски.

СДСМ : 27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот