Димитар Ковачевски / Фото: Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

Ковачевски не го оправдува зголемувањето на цената за осигурување на автомобилска одговорност

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски не го оправдува зголемувањето на цената за осигурување на автомобилска одговорност, а од Стопанската комора на северозападна Македонија велат дека се против централизирање на цените во која и да било дејност.

По денешната средба со Стопанската комора на северозападна Македонија, Ковачевски упати одговорите да се бараат кај надлежните институции.

– Постои регулаторно тело што се вика Агенција за осигурување која практично ги регулира цените и дополнително на тоа Министерството за финансии исто така учествува во регулирањето на цените на осигурителните полиси. За тоа врз основа на кои калкулации е направено тоа зголемување, што не го оправдувам јас и тоа сакам да биде јасно наведено, може да ви одговори министерот или заменик министерот за финансии или кој било друг задолжен во соодветните сектори во Министерството за финансии или во Владата, изјави Ковачевски.

Претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Менди Ќура рече дека како бизнис заедница се против централизирање на цените во која и да било дејност.

– И порано сме биле против тоа да се централизираат цените и сум против секаков вид на ваква централизација. Новите цени колку што знам се вратија назад и не се нови. Ние не ги поддржуваме, значи ние сакаме – нека се нови цени, но нека е слободен пазар, иако имаат тие посебен третман колку што знам јас. Слободниот пазар треба да делува и слободниот пазар треба да одреди цена, посочи Ќура.

Супервизијата излезе со детална анализа: Со кое лице осигурителни компании што пливаат во добивки ги поскапеа полисите?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот