Ковачевски и Маричиќ ќе учествуваат на трибина насловена „МК во ЕУ до 2030“

Фото: Влада на РСМ

Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Коваевски денеска ќе има свое обраќање на трибината „Резултати што прават разлика“ во организација на неговата партија во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Трибината е на тема „МК во ЕУ до 2030“ во организација на Комисијата за надворешни работи и евроинтеграции на СДСМ.

Освен Ковачевски на трибината свое обраќање ќе имаат Бојан Маричиќ,секретар за меѓународна соработка на СДСМ и вицепремиер за европски прашања, Соња Мираковска, пратеничка и копретседавач на Мешовитиот парламентарен комитет на Северна Македонија-ЕУ, Фани Каранфиловска-Пановска, претставник од граѓански сектор и Филип Тосевски, претседател на Комисијата за надворешни работи и евроинтеграции на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот