Ковачевски: Германскиот претседател го спомнува Конески, има ли поголема потврда дека сме свои на своето?

Фото: Димитар Ковачевски / Фејсбук

Политиката што ја спроведуваме ги брани интересите на нашиот народ и нашата земја, рече премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на партиската трибина на СДСМ која вечерва се одржа во Куманово. Тој рече дека земјата стекнува искрени пријателства од големи европски земји, кои, како што додава, ни се ветар во грб во процесот на евроинтеграциите на земјата.

-Вчера ни беше во посета претседателот на Сојузна Република Германија, во неговиот говор го спомна Блаже Конески, втемелувачот и еден од кодификаторите на современиот македонскиот литературен јазик, Пиреј на вечниот и незаменлив Петре М Андреевски… Има ли поголема потврда за тоа дека ние сме свои на своето. Тоа го признаа сите земји членки на ЕУ и секоја прилика ја користат истото да ни го повторат. Го обезбедивме македонскиот јазик во Европската унија, го заштитивме македонскиот идентитет еднаш засекогаш. Македонската црква е признаена. Стекнуваме нови пријателства и нови силни поддржувачи од големите европски земји, рече Ковачевски.

Според него, тоа се „придобивките од социјалдемократските политики, тоа е вистински патриотизам и влог во иднината“.

-Затоа ги носев тешките одлуки, за подобра иднина на младите, за подобар животен стандард, образование, здравство, за младите да ја градат својата иднина тука, во напредна и економски силна земја членка на ЕУ. Не беше лесно да се донесат одлуките. Но лидерството значи да се обезбеди иднината. Често зборувам јас за тоа тешко чувство кое верувам многумина го имале. Како со нож некој да ви го сече стомакот. Но, колку и да беше тешка одлуката за прифаќање на францускиот предлог како нож во стомак, повторно да е пред мене таа одлука повторно ќе ја донесам. Затоа што силно верувам дека европскиот пат е гарантор за нашата подобра иднина, кажа Ковачевски, додавајќи дека не смее да се дозволи европскиот пат да биде спречен од политичари кои не и мислат добро на земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот