Котески ќе сведочи во „Тортура“ на СЈО

Поранешниот портпарол на МВР Иво Котевски е еден од сведоците за случајот „Тортура“ на СЈО, процес кој се однесува на непрописното апсење на лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски во 2011 година. Котески е повикан за сведок по предлог на СЈО.

Во доказната постапка според СЈО има негов телефонски разговор со екс министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, разговор во кој се слушна како таа му кажува на Котевски да не ги пуштаат снимките на кои се гледа насилното приведување на Бошкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот