Костакурта е оптимист: Квалитетот и тимскиот дух се на страна на Италија во дуелот со Македонија

Алесандро Костакурта верува во триумф на Италија/ фото: EPA-EFE/MAURIZIO DEGL INNOCENTI

Поранешниот италијански репрезентативец и фудбалер на Милан, Алесандро Костакурта е убеден во победа на „азурите“ над Македонија во полуфилниот бараж за пласман на Светското првенство во Катар.

Костакурта смета дека тимскиот дух и квалитет се на страната на Италија во дуелот со Македонија и очекува триумф на неговата репрезентација, а потоа „азурите“ би славеле и над Португалија во финалето на баражот.

– Сите не изненади Роберто Манчини на ЕП и мора да му сме благодарни за тоа што го направи со репрезентацијата. Но, не е само освојувањето на Евро 2020 и јас верувам во него и во секој фудбалер што ќе го повика во репрезентацијата. Не очекуваат бараж натпреварит за Светското првенство во Катар и не се сомневам дека ќе ја победиме Португалија, зашто не очекувам изненадување да загубиме од Македонија пак или Турција да ја помине Португалија.
Македонија е послаба од Италија, иако неспорно е дека има добар тим и квалитетни фудбалери. Но, тимскиот дух и тимскиот квалитет не е како на „азурите“ и тоа во вакви мечеви многу значи. Но, и Италија ќе има проблем, зашто сегашниот тим не е истиот како пред 8-9 месеци и не мислам на кој ќе игра или ќе отсуствува, зашто по Еуро 2020 се гледа дека енергијата, гладта за победа и квалитетот не е на нивото како за време на турнирот кога беше освоена европската круна. Но, јас очекувам пласман на СП, тежок меч со Португалија“ – додава Костакурта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот