Косовски државјанин доби притвор бидејќи превезувал мигранти

обвинителство ојо

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, косовски државјанин за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „криумчарење мигранти”.

Како што информира Обвинителството, во текот на вчерашниот ден осомничениот пеш ја поминал македонско – косовската граница и по добиените насоки од непознато лице, го преземал патничкото моторно возило „Форд Транзит” и тргнал по автопатот А1 во правец кон Гевгелија. На непознато место пресретнал група мигранти кои претходниот ден илегално влегле во земјава, ги прифатил и тргнал во насока кон Скопје. На знак да застане од страна на полициски мешовит тим, осомничениот продолжил со зголемена брзина и кај клучката кон село Смоквица го напуштил возилото со мигрантите и побегнал.

„Полициските службеници во возилото пронашле 58 мигранти од Пакистан и Сирија, меѓу кои имало и седум малолетни лица. Подоцна осомничениот е пронајден во близина на село Миравци и лишен од слобода. Ценејќи дека се исполнети условите, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за определување на мерката притвор за осомничениот“, наведува Обвинителството.

Судијата го прифати предлогот и на осомничениот со Решение му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот