КОСОВЦИТЕ ГО НАЛУТИЈА РАМА: Сите патници во Албанија мора да плаќаат патарина

Фото: Топ Чанел

Барањата на поединци од Приштина да се укине плаќањето на патарина на националниот пат кон Тирана го налутиле албанскиот премиер Еди Рама. Според пишувањата на „Газета експрес“, Рама побарал од шефот на Министерството за надворешни работи во заминување, Беџет Пацоли, да им објасни дека тоа не е возможно.

Дополнително, албанскиот премиер реагирал и за преселувањето на загрозените албански граѓани на Косово.

– Тие мора да останат близу до своите домови и работни места – констатирал Рама.

Како што пренесува косовска „Газета“, Рама при посетата на Драч и Тумане, места кои се најпогодени од завчерашниот разорен земјотрес, се сретнал со Пацоли и му рекол да ги предупреди Косоварите кои донираат помош за Албанија да не бараат укинување на патарината на националниот пат.

– Патарината е обврска на сите и е наменета за инфраструктурата, која треба да обезбеди безбедност на патиштата и во земјата – констатирал Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот