Кошаркарите без калкулации против Италија

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска од 15. часот во „меурот“ во Талин, ќе игра против Италија во квалификациите за пласман на Европското првенство 2022 година.

Кошаркарите досега во квалификациите доживеаја два порази, против Естонија (72:81) и против Русија (67:77), но шансите за пласман на Евробаскетот не се загубени, а за таа цел се потребни триумфи на двата натпревари кои ќе се играат во „меурот“ во Талин.

– Кај нас нема место за калкулации, ниту имало, ниту пак ќе има. Играме во дресот со националниот грб. Тоа е обврска за сите нас да го дадеме својот максимум. Тоа нема да биде исклучок и овде во Талин. Без оглед на тоа дали играме со Италија или пак со Естонија. Не треба да се залажуваме дека Италија е слаба затоа што има некои нови играчи. Напротив, стартуваме како да играме против нивниот најсилен состав. Што ќе донесат тие 40. минути  ќе видиме – вели Марко Симоновски.

Првиот противник е селекцијата на Италија која ќе настапи со подмладен тим бидејќи како еден од организаторите на ЕП има обезбедно учество на Евробаскетот.

– Нè чека првиот меч во овој циклус од квалификациите. Противник ни е селекцијата на Италија, исто така со доста променет состав. Иако не играат во најсилен состав, никако не смееме да мислиме дека Италијанците немаат квалитет. Напротив, најголем дел од нивните играчи играат во италијанската ЛЕГА А, што значи дека пред нас имаме противник за полн респект. Но и екипа со која можеме да пробаме да извадиме поволен резултат – смета Андреј Магдевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот