Коронавирусот стана инспирација и за велигденските јајца (ФОТО)

Мислењата на социјалните мрежи се поделени. Додека некои се шегуваат, други сметаат дека ваквите „црни шеги“ не се потребни поради сериозноста на ситуацијата со коронавирусот ширум светот.

Францускиот шеф на кујна Жан Франсоа Пре, многу популарен во Франција особено по померувањето на гастрономските граници,  и овојпат изненади презентирајќи ги чоколадните велигденски јајца во поинаква „облека“.

Всушност, љубителите на чоколадата сега требаа да размислат двапати пред се препуштат во слаткото уживање. Станува збор за креации на велигденски јајца моделирани според трендот на коронавирусот. Пре исто така направил и сличен модел на „корона“ колачиња.

фејсбук

Жителите на Ландивизо овие велигденски чоколадни јајца имаат можност да ги купат во слаткарницата на Пре, иронично сместена на улицата Луј Пастер, улица именувана по славниот француски микробиолог.

Велигденските јајца се направени од млечно чоколадо на кое се додадени бадеми бојадисани во  црна и црвена боја за крцкав вкус.

Фото Инстаграм

Не само во Европа, и во Америка се појави трендот на декорирање на велигденски јајца инспириран од ситуацијата со коронавирусот.

Магионичарот за деца, Пол Дан, ги претстави неговите велигденски јајца кои „носат“ заштитни маски.

И на социјалните мрежи се појавија фотографии на таканаречени корона велигденски јајца. 

Фејсбук
Фејсбук

Сепак, мислењата на социјалните мрежи се поделени. Додека некои се шегуваат, други сметаат дека ваквите „црни шеги“ не се потребни поради сериозноста на ситуацијата со коронавирусот ширум светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот