Коронавирусот го одложи и почетокот на Првата женска кошаркарска лига

Фото: kfsm.mk

Имајќи ја во предвид целокупната епидемиолошка ситуација во земјата и фактот дека бројот на ново заболени секојдневно се зголемува, раководството на КФСМ донесе одлука за одложување на почетокот на натпреварувачката сезона 2020/2021 во Прва лига-жени во сениорска конкуренција, кој првично беше предвиден да биде овој викенд, односно на 19 октомври.

Во наредниот период, федерацијата ја очекува потврдата за предлог Протоколот за реализација на планираните активности во натпреварувачата сезона 2020/2021 од страна на Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје.

По добивање на позитивен одговор од овие државни здравствени институции, како и скорешна реализација на договорот за набавка на потребните PCR тестови за здравствена и безбедоносна проверка на учесниците вклучени во Првата лига-жени во натпреварувачката сезона 2020/2021, ќе биде донесена одлука за почеток на натпреварувањето.

Истата одлука КФСМ ја донесе и за Првата кошаркарска лига во машка конкуренција чиј почеток првично беше предвиден да биде на 10 и 11. октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот