Корона-скандал во Австрија: Виена станува жариште на епидемијата, сѐ започнало од поштата

Фото: Пиксабеј

Австрија сметаше дека го победи коронавирусот, а сега се чини дека опасноста само што почнала. Откако е откриено дека вирусот влегол во центарот за дистрибуција на пошта во Хагенбург и Инцерсдорф, властите се во паника, а изгледа дека се почнало од агенцијата за вработување.

Агенцијата која изнајмила работници на центарот за дистрибуција на пошта, а во која е откриено присуство на коронавирусот, има свои службеници и во банките, но и во фармацевтские компании, како и во други институции, па сега се прегледуваат сите работници, за да се утврди кој е заразен, а кој не е.

– Проверуваме дали заразените кои работеле во центарот за дистрибуција биле изнајмени и на други компании, бидејќи тоа би можело да биде ново жариште на заразата, соопштија надлежните.

Не се набљудува само оваа агенција. Најмалку уште три центри за изнајмување на работници се под проверка заради сомневање дека работниците се заразени.

Иако стравот е оправдан, директорот на една од агенциите тврди дека ги презел сите неопходни мерки за да се спречи ширење на заразата меѓу работниците.

Досега се направени околу 1.000 тестови на работниците, а веќе се пронајдени 39 позитивни лица. Од нив 24 во една агенција, 10 во друга. Со обѕир дека „изнајмените работници“ на повеќе агенции патуваат заедно, можно е да се заразени над стотина луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот