Копилот во руски патнички авион починал за време на слетување

Патнички авион денеска принудно слета на аеродромот во Ростов на Дон, на југот од Русија, откако за време на летот му се слошило на копилотот, кој потоа и починал за време на слетувањето, информира регионалната итна служба.

„Авионот полетал од московскиот аеродром Шереметјево, а околу 10 часот по локално време му се слошило на вториот пилот. Веднаш било побарано принудно слетување, а копилотот (49) починал во текот на слетувањето, наведе службата за руската агенција Тасс.

Авионот на компанијата „Аерофлот” летал од Москва за Анапа, а руските власти отворила истрага за инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот