Конвој кој го пренесувал министерот за одбрана на Јемен згазил на мина, шест загинати

Фото: EPA-EFE/YAHYA ARHAB

Во Јемен денес загинаа шест војници кога конвојот кој го пренесувал министерот за одбрана на земјата Мухамед Али Макдаши налетал на мина. Министерот не е повреден во несреќата, наведуваат владини извори.

Макдаши, министерот за одбрана на меѓународната призната јеменска влада, правеше обиколка на борбените линии во областа Сирвах, западно од градот Мариба кој го контролира владата и источно од престолнината Сане, која ја контролираат Хутите, јавува „Ројтерс“.

Шест војници загинаа, а неколку се повредени откако конвојот згазил на на екплозив кој бил закопан под патот, рекоа два официјални владини претставници.

Во Јемен во моментов има граѓанска војна, откако Хутите поддржани од Иран ја срушија владата на претседателот Абдурабух Мансур Хади од Сана на крајот на 2014 година. Воената коалиција под водство на Саудиска Арабија интервенираше во 2015 година за да го врати Хади на власт.

Последниот бран на насилство трае од средината на јануари, кога експлозија погоди владин воен камп во Мариба, усмртувајќи десетина лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот