Конте: Во јуни се враќам на тренерската работа

EPA/ANDY RAIN

Антонио Конте е без ангажман откако го напушти Челси минатата година, каде беше наследен од неговиот сонародник Маурицио Сари. Поранешниот италијански селектор во изјава за Тутоспорт ги откри плановите но не откри името на новиот клуб.

– Сè уште не знам во кој клуб ќе работам, но тоа мора да биде проект кој ќе ме привлече. Соопштението ќе стигне во јуни. Моменто живеам во Лондон со својата ќерка, Викторија студира англиски јазик и одлучив да останам една година со неа. Нејзиниот стан се наоѓа во близина на тренинг центарот на Челси, и постојаното поминување крај него ме потсетува на љубовта и страста кон фудбалот – вели Конте.
Антонио Конте од вчера повторно е поврзуван со враќање на клупата на Јувентус чиј тренер беше во периодот од 2011 до 2014 година и освои три шампионски титули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот