Конте ги откачува италијанците, се сели во Германија

EPA/ANDY RAIN

Италијанските екипи, Интер, Рома и Милан кои беа заинтересирани да го ангажираат екс италијанскиот селектор и тренер на Јувентус, Антонио Конте, најверојатно ќе останат со празни раце оти е многу веројатна негова преселба во Германија.

Претседателот на Интер, Бепе Марота мислеше дека работата околу ангажманот на Конте како тренер за следната сезона е завршена работа, но „Кориере дело Спорт“ пишува дека идна дестинација нема да му биде Милано, туку Баерн Минхен.

Сегашниот тренер на „баварците“ Нико Ковач се наоѓа пред отказ доколку не ја освои двојната круна во Германија. Во прилог не му оди и тоа што двајцата најмоќни луѓе во Баерн Минхен, Ули Хенес и Карл-Хајнц Румениге имаат спротивставени ставови околу иднината на Ковач.

Со ваквиот развој на настаните, челниците на Интер размислуваат да го остават Лучано Спалети на клупата и за наредната сезона доколку обезбеди пласман во Лигата на шампионите бидејќи и Жозе Мурињо повеќе не е опција за преземање на тренерската функција.
И Милан ќе мора да бара замена за Џенаро Гатузо на друго место, а како иден тренер го посакува Маурицио Покетино од Тотенхем но се чини дека тоа е нереална опција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот