Петте причини поради кои Интер го одби Мурињо - Слободен печат

Петте причини поради кои Интер го одби Мурињо

Жозе Мурињо отворено му се понуди на Интер да се врати на местото на успехот, имаше поддршка од Хавиер Занети, но на крајот беше одбиен. Сопственикот на Интер, Стивен Жанг, се одлучи нов тренер на Интер да биде поранешниот италијански селектор и тренер на Јувентус и Челси, Антонио Конте, а медиумите веднаш направија листа од пет причини поради ваквата одлука.

Првата е платата на Мурињо, тој бара долгогодишен договор кој ќе му носи 15 милиони евра по сезона, додека Конте би работел за седум или осум милиони.
Втората причина е односот на Португалецот со директорите на клубот. Бебе Марота е донесен од Јувентус во Интер со намера да го врати миланскиот тим на шампионските патеки и има апсолутна моќ кога станува збор за трансферите. Ваков епилог не му се допаѓа на Мурињо, кој би барал тој да одлучува за евентуалните трансфери на играчи. Згора на тоа кинеските сопственици не сакаат да им се повтори актуелната сезона која минува во постојани караници помеѓу тренерот Лучано Спалети и првата ѕвезда на тимот, Мауро Икарди.

Прочитајте и...  СЕКОЈА ЧЕСТ: Ѓоковиќ пред зграда во Белград игра тенис! (ВИДЕО)

Третата причина е летниот преоден рок. Имено, Конте се согласува со сите промени кои ќе ги направи Марота, тие двајца имаа добра соработка во Јувентус. Марота и Интер сакаат да ги продадат Икарди и Иван Перишиќ како би ја елиминирале тензијата во соблекувалната, додека евентуалниот ангажман на Мурињо би бил условен со останување на Перишиќ, играчот кого две години се обидуваше да го доведе во Манчестер јунајтед.

Четвртата причина е одличниот однос на Мурињо со поранешниот сопственик Масимо Морати. Кинеските сопственици стравуваат дека со доаѓањето на Мурињо, би се зголемило влијанието на Морати во клубот, а тоа е нешто што Жанг најмалку го посакува.

Последната причина е стравот од реакциите на навивачите и дел од легендите на клубот кои извршуваат некакви функции во Интер. Најверните навивачи, но и дел од легендите не му простија на Португалецот што веднаш по освојување на титулата во ЛШ тој го напушти тимот и не се врати во Милано за да ја прослави титулата.

Прочитајте и...  Уште еден доказ дека Погба сака да го напушти Јунајтед!?

Ова е вторпат годинава Мурињо да добие „корпа“ од поранешен тим, претходно соблекувалната на Реал Мадрид предводена од капитенот Серхио Рамос стави вето на евентуалниот негов ангажман.

Прочитај повеќе

Атлетико го најде лекот за Ливерпул, Халанд е вистинско фудбалско чудо

Слободен печат

Тенисот на Федерер е најубав за гледање, но Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња

Слободен печат

Агаси дури четири пати беше допингуван и сетоа тоа беше заташкано

Слободен печат

Стартни постави за ЛШ: Клоп офанзивно во Мадрид

Слободен печат

Борусија Дортмунд го потврди трансферот на Џан

Слободен печат

Лотито: Сите сакаат да се прекине монополот на Јувентус

Слободен печат

Остави Коментар

четири × пет =

Прочитај повеќе

Два порази на ракометните надежи на Медитеранските игри

Слободен печат

Ѓоковиќ: Подготвен сум за најдобрата сезона во кариерата

Слободен печат

Ливерпул ја користи кризата кај Сити, сака да ангажира две ѕвезди

Слободен печат

Реал е виновникот за казната на Манчестер сити?!

Слободен печат

Бразилецот Рејнер до 2026 година во Реал Мадрид! (ВИДЕО)

Слободен печат

Нов голем удар за Жозе Мурињо и Тотенхем

Слободен печат