Конте ги налути челниците на Интер кои размислуваат за негова смена, наследникот би ги чинел 150 милиони евра

EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Во Италија се води голема расправија за судбината на Антонио Конте, клубот бара компромис но и размислува за негова смена.

Последните резултати кои се разочарувачки како и изјавите на тренерот Антонио Конте не наидоа на добае прием кај сопствениците на екипата кои сметаат дека тој нема право да се жали на екипата бидејќи му се исполнети сите желби, а резултатите се далеку од очекуваните.

Интер падна на четвртото место на табелата во Серија А и единствена шанса за екипата да освои трофеј е Лигата на Европа, со што Конте би ја продолжил традицијата од Јувентус и Челси кога во првата година на клупата на овие екипи освојуваше трофеј.

Управата во минатогодинешниот летен проден рок како и во јануари му ги исполни сите желби, ги донесе Јанг, Мосес, Сенси, Барела, Бираги, Годин, Алексис Санчез, додека единствен играч кој не го бараше Конте, а е дел од Интер и Кристијан Ериксен, и токму затоа кинеските сопственици му се лути на тренерот.

Во медиумите веќе започнаа шекулациите за негова смена бидејќи во последно време неговите изјави се спротивни на управата кога станува збор за засилувањата. Тој не го сака Тонали кој се смета за новиот Пирло туку го бара Артуро Виадл, веќе ги отпиша Годин и Скрињар, а ги бара и Един Џеко и Емерсон Палмиери иако знае дека тоа е речиси невозможна мисија.

Конте е свесен дека управата размислува за негова смена, но нема намера да и ја олесни задача бидејќи има договор за уште две сезони и нема намера да си поднесе оставка. Од друга страна, во Интер исто така се свесни дека неговата смена и ангажирање на Масимилијано Алегри или Маурицио Покетино би ги чинело огромна сума на пари. Поточно 150 милиони евра бидејќи треба да се исполнат и нивните желби за нови засилувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот