Конте е сериозен во уривањето на доминацијата на Јувентус, од управата бара нови играчи во јануари

epa08848854 Inter's coach Antonio Conte during the Italian Serie A soccer match US Sassuolo vs FC Inter at Mapei Stadium in Reggio Emilia, Italy, 28 November 2020. EPA-EFE/SERENA CAMPANINI

Кинеските сопственици му порачаа на тренерот дека прво треба да продаде играчи доколку сака да ја освежи екипата.

Антонио Конте е убеден дека оваа сезона е идеална за да ја прекине осумгодишната доминација на Јувентус во Серија А и затоа на управата и достави список со 10 имиња кои сака да пристигнат на „Џузепе Меаца“.

Но, одговорот од сопствениците, семејството Жанг е дека прво треба да се продадат играчи за да се финансираат трансферите во зимскиот преоден рок.

Највеќе пари во касата на Интер може да донесе Кристијан Ериксен за кого се интересираат неколку англиски екипи но и ПСЖ.
Доколку Ериксен замине во францускиот тим, Конте бара во спротивна насока да дојде Леандро Паредес плус дополнителна сума на пари.
Освежување во нападот треба да претставува Леонардо Паволети од Калјари и ќе биде замена за Ромелу Лукаку.
На радарот на Конте се наоѓа и португалскиот репрезентативец Ренато Санчез но тој е поблиску до Ливерпул отколку до „нероаѕурите“. Како идеално решение во средниот ред, Конте го гледа играчот на Удинезе, Родриго де Пол, но прашање е дали ќе може да обезбеди 40 милиони евра колку што бараат од тимот од Удине.
Сосема изгледен е трансферот на капитенот на Аталанта, Папу Гомез кој влезе во војна со тренерот Џанпјеро Гасперини по што веднаш е ставен на трансфер листата.
Тренерот на Интер сака одбраната да ја засили со Никола Максимовиќ од Наполи на кого идното лето му истекува договорот со наполитанците.
Последно име на списокот на Конте е тоа на новото чудо од дете на Џенова, Николо Ровела за кого интерес пројавува и Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот