Коњановски на средба со претставниците на професионалните спортски клубови од Битола

Фото: Васка М. Младеновска

Битолскиот градоначалник Тони Коњановски денес имаше средба со претставниците на професионалните спортски клубови од Битола.

Со претставникот на Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, Горан Петровски, извршниот директор на Фудбалскиот клуб „Пелистер”, Митко Стојковски и на Кошаркарскиот клуб „Пелистер”, Филип Ивановски, градоначалникот Коњановски разговараше за новонастанатата состојба, после усвојувањето на ребалансот на буџетот, кој нема да биде вчитан од Министерството за финансии, потенцирајќи дека во овој период, мора да се има разумен и рационален пристап, со цел успешно функционирање на спортските клубови, до решавање на настанатите проблеми и донесување на функционален буџет.

„Општина Битола планира во понатамошниот период за професионалните спортски клубови да намени уште 30.000.000 денари, со кои ќе може да се исполнат обврските кои произлегуваат од склучените договори, да се реализираат програмите на клубовите, но и да се сервисираат заoстанатите обврски“информираше градоначалникот Коњановски.

Тој заедно со претставниците на спортските клубови и советници кои што се одзваа на неговата покана извршија увид во работните активности, кои се во тек во спортската сала „Боро Чурлевски”, со цел исполнување на европските стандарди во пресрет на Лигата на шампиони.

– На денешниот увид ги поканив сите советници од Советот на Општина Битола. Присуството на советниците е особено значајно во овој период кога работите треба да се одвиваат со зголемен интензитет, токму заради добивање на потребната поддршка за непречена реализација на планираното-информираше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот