Коневски: Посакувам Мицкоски што поскоро да закрепне и да се појави на Вонредниот конгрес

Од Иницијативниот одбор за организирање на вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, на Христијан Мицкоски му посакуваат што побрзо да закрепне од болеста Ковид 19.

Ивица Конески за Слободен печат не сакаше да ја коментира понудата за широка коалиција на премиерот Зоран Заев.

– Ние сме дел од ВМРО-ДПМНЕ, и Иницијативата постои исклучиво за да се даде отчет за успешноста на изборните процеси во последните четри години. Вонредниот конгрес ќе биде за Мицкоски да даде отчет пред луѓето кои го донесоа на чело на ВМРО-ДПМНЕ и му ја дадоа довербата во Валандово. Во однос на било какви партиски ставови не би сакале да коментираме затоа што нашата цел е исклучиво успешна организација на наредниот конгрес и сплотување на партиското членство. Во моментов му посакуваме на Мицкоски побрзо да оздрави и да закрепне, и здрав и прав да дојде на конгресот и да даде отчет пред делегатите за тоа што го сработил последните четири години, рече Коневски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот