Конечно победа и за Тотенхем, Ливерпул продолжува да „гази“ (ВИДЕО)

Екипата на Ливерпул ја продолжува победничката серија и по седум кола во Премиер лигата има максимални седум победи. Во денешната средба на гостувањето кај Шефилд јунајтед благодарение на фортуната славеа со 0:1.

Иако ја имаа контролата врз играта и имаа неколку одлични шанси за гол, до победата дојдоа благодарение на кататрофалната интервенција на голманот Хендерсон во 70. инуита. Имено по шутот на Вајналдум, топката помина низ нозете на еден фудбалер на Ѓефилд, а потоа и низ рацете и нозете на голманот Хендерсон заврши во мрежата на домаќините.

Челси пред своите гледачи на „Стемфорд бриџ“ го совлада Брајтон со 2:0. Жоргињо од пенал во 50.минута му донесе водство на Челси, додека победата ја завери Вилијан со голот во 76.минута.


Тотенхем конечно успеа да победи, но до трите бода во дуелот со Саутемптон дојде со многу мака. Ндомбелче донесе предност за Тотенхем во првиот дел, но гостите експресно израмнија го катастрофалната грешка на Уго Лорис кој во обидот да го финтира Дени Ингс, се сопна од топката и му овозможи на гостинскиот фудбалер да изрмани.

Сепак, трите бода за Тотенхем кој поголем дел од средбата играше со играч помалку поради исклучувањето на Серж Орие, ги донесе Хари Кејн со голот во пред крајот на полувремето.

Резултати: Астон Вила – Барнли 2:2, Борнмут – Вест Хем 2:2, Челси – Брајтон 2:0, Кристал Палас – Норич 1:0, Тотенхем – Саутемптон 2:1, Вулверхемптон – Вотфорд 2:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот