Конечната табела во шпанското првенство без „ВАР“! (ФОТО)

фото: твитер

Со натпреварите од 38 коло заврши сезоната во најсилната „Ла Лига“, Реал Мадрид ја обезбеди новата титула, а во понизок ранг одат Еспањол, Леганес и Мајорка на македонскиот репрезентативец Александар Трајковски.

Следната сезона во Лигата на шампионите ќе играат Барселона, Атлетико Мадрид и Севиља, а во Лига Европа екипите на Виљареал, Реал Сосиедад и Гранада.

Гранада го искористи моменти кога се одложи финалето (за подобри времиња) од Кралскиот куп помеѓу Реал Сосиедад и Атлетик Билбао, односно кога повторно би можеле да присуствуваат навивачите. Така Билбао своето место му го препушти на седмопласираниот состав на првенствената табела.

фото: as.com

Шпанскиот „АС“ пресмета како би изгледала табелата без користење на ВАР технологијата, односно доколку не реагираше судискиот видеоасистент на резултатот во 31 натпревар оваа сезона.

Најлошо помина екипата на Валенсија која остана без дури шест бодови, со кои наместо на деветтото, ќе беше на петтото место и учесник во Лигата на Европа.

Атлетико, Ваљадолид и Леванте на нашиот Енис Барди дојдоа до бод благодарение на ВАР, без кој популарните „лилјаци“ од Валенсија ќе имаа три победи повеќе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот