„Ла Лига“: Барди запиша седум голови, загрижува учинокот на Трајковски!

Официјално заврши натпреварувачката сезона 2019/2020 во најсилното шпанско првенство, Реал Мадрид е новиот шампион пред најголемиот ривал Барселона.

Најдобар стрелец сезонава во „Ла Лига“ е аргентинската ѕвезда на Барса, Лионел Меси со 25 голови

Секако ги следевме и настапите на Леванте и Мајорка во чии редови настапуваат двајцата македонски репрезентативци Енис Барди (25) и Александар Трајковски (27).

Барди имаше одлична сезона во дресот на Леванте кој обезбеди опстанок со освојување на 12 место. Нашиот играч имаше 30 натпревари (на 23 од нив беше стартер), забележа и седум погодоци, два против Селта Виго, а по еден против Атлетик Билбао, Бетис, Еспањол, Гранада и Реал Сосиедад. Со своите игри успеа и да го привлече вниманието на премиерлигашкиот гигант Арсенал.

twitter.com/FutbolMallorca

Од друга страна загрижува учинокот на Трајковски кој во првата сезона во дресот на Мајорка не успеа ниту еднаш да се запише во листата на стрелците. А воедно лоша вест е и што неговиот клуб не успеа да остане во елитата, па следната сезона ќе игра во Сегунда.

Трајковски (кој има договор со Мајорка до 30 јуни 2023 година) претходно во едно интервју за клупскиот сајт рече дека навивачите нешто очекуваат од него, и дека не ја добива често шансата да започне од првата минута.

Имаше 14 настапи, само еднаш беше стартер во составот на Висенте Морено на 3 јули во гостинскиот пораз кај Атлетико Мадрид (3:0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот