Комората на извршители ќе организира „Отворени денови со граѓаните”

Комората на извршители на Република Северна Македонија (КИРСМ) денеска на прес-конференцијата ќе информира за одлуката на Управниот одбор на КИРСМ за организирање „Отворени денови со граѓаните”.

Овие активности, како што велат од Комората, ќе се одржуваат во различни градови во државата на тема „Извршувањето во РСМ и проблемите кои ги имаат граѓаните во текот на постапката”.

Целта е граѓаните да земат што поголемо учество во „Отворените денови” заради давање правна помош од страна на извршителите и укажување со кои правни средства законски можат да си ги остварат своите права во извршувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот