Колку време ќе биде потребно за обнова на Нотр Дам?

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Најголемиот пожар во катедралата Нотр Дам во историјата се случи во понеделникот. Макрон веќе најави нејзина обнова и рече дека тоа ќе се случи за пет години, меѓутоа многу други експерти не мислат така.

„Нотр Дам ќе биде уште поубава по обновата и сакам тоа да биде завршено за пет години. Ние го можеме тоа. Оваа катастрофа треба да нè зближи. Наша задача е ова да го претвориме во национален проект“, изјави Макрон.

Од друга страна, во светските медиуми се појавија бројни информации според кои многу други експерти велат дека ќе бидат потребни околу десет години, а не пет за целосно да се обнови Нотр Дам.

Експертите сè уште немаат пристап до катедралата за да ја испитаат штетата. Заменик министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез кажа дека структурата е во добра состојба, но се откриени некои ранливи места.

Останува да се почека за да бидат донесени конечните проценки за тоа колку точно време ќе биде всушност потребно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот