Макрон: Катедралата Нотр Дам ќе биде обновена за пет години

Фото: EPA-EFE/PHILIPPE WOJAZER / POOL MAXPPP OUT

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека катедралата Нотр Дам, која беше делумно уништена во пожар, ќе биде обновена за пет години.

„Ќе ја обновиме катедралата и ќе биде уште поубава. Сакам изградбата да биде завршена за пет години“, рече претседателот во кратко телевизиско обраќање, 24 часа по огромниот пожар кој избувна во Богородичната црква во Париз.

Макрон рече дека има многу да се изгради и реконструира и им се заблагодари на пожарникарите, донаторите и полицијата за безрезервната помош.

Донациите од голем број светски компании и богати поединци за обнова на катедралата Нотр Дам само за еден ден надминаа 600 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот