Колку пратеници ѝ фалат на власта за уставни измени, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Собрание / Фото Слободен печат / Драган Митрески

Во изјавите на власта на ДУИ и СДСМ владее какафонија по темата уставни измени. Тоа е резултат на нивниот очај и нервоза, бидејќи насилниот обид спротивен на народната волја, им се удри во ѕид, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Да биде посмешно тие во обидите да расфрлаат пердуви уште повеќе самите се закопуваат. Имено Бујар Османи тврди дека фалеле уште 8 пратеници за мнозинство за уставни измени, а заборава дека неговите соработници шпекулираа дека им фалат уште 6 пратеници (Груби, 20 септември 2022 година), дека имаат 74 пратеници (Пендаровски, 18 ноември 2022 година) па дури и дека имаат обезбедено уставно мнозинство (Битиќи, 24 мај 2023 година). Лагите им се распрснуваат како меур од сапуница. Изгледаат како раштиман оркестар. Но, кога веќе прават вакви ментални екскурзии, треба и да се подзамислат, бидејќи тенденциите велат дека од недостаток 6, стасале на недостаток 8 пратеници, што значи дека им се распаѓа и тоа кое што го имаат – велат од партијата на Мицкоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека неколку пратеници од самата коалиција на власт веќе директно и индиректно најавуваат дека нема да гласаат.

-Дополнително и други пратеници на кои Османи и Ковачевски сметаа почнаа да одбиваат поддршка на уставните измени. Народот вели „барајќи рогови си ја изгубиле главата”, па така оваа власт барајќи 2/3 може лесно да го загрози и владиното мнозинство. Впрочем така би си ја скратиле агонијата и би го спасиле народот од оваа криминална власт. Изборите се единственото решение во интерес на Македонија и единствениот излез во ќорсокакот во кој власта ја внесе државата -смета ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот