Колинда: Ќе им помогнеме на Македонија и Босна да влезат во ЕУ

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим изјави дека Хрватска ќе им помогне на соседните земји да влезат во Европската унија.

– Можеме да направиме многу добри работи, но исто така и да потонеме во хаос. И затоа мора да го надгледуваме сето она што се случува околу нас и, што се однесува до Хрватска, да им помогнеме на соседните земји – БиХ и Македонија – да влезат во Европската унија – рече Грабар-Китаровиќ.

Во контекст на заедничките безбедносни закани, таа оцени дека е важно Хрватска и Израел заедно да се грижат за Европа и за Медитеранот и оти соработката и заедничката борба против тероризмот и ширењето на оружјето за масовно уништување се најважни за безбедноста на двата народа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот