Колина: Со ова правило ќе го спасиме фудбалот како што тоа го направивме пред 30 години

Пјерлуиџи Колина сака да ја поправи ситуацијата во фудбалот/Фото: EPA/MAURIZIO DEGL' INNOCENTI

Големиот Пјерлуиџи Колина, главен судија на ФИФА и дел од ИФАБ, телото кое ги одредува правилата на фудбалската игра, даде интервју за италијанските медиуми во кое зборуваше за потенцијалната сериозна промена во фудбалот на Светското првенство во Катар, што рече дека ќе го спаси фудбалот.

Станува збор за ефективниот дел од натпреварот, односно судиското надополнување кое во Катар би можело да биде и до 10 минути, ссо цел да се подобри самата игра.

– Денес е прифатено дека е добро кога се игра 60 минути ефективен фудбал. Ние во ФИФА ќе им кажеме на судиите за Мундијалот како да го надополнат изгубеното време, но и за постигнатите голови. Ако во едно полувреме се постигнат три гола, просечното славје трае минута и пол, односно пет минути славење и пет минути во кои не се игра фудбал. Доколку сакаме да бидеме попрецизни, ќе треба да се подготвиме за временска компензација од девет минути – рече Колина.

Италијанецот воедно објасни како се губи времето во текот на натпреварите:

– Доколку ја погледнете статистиката, ќе видите дека некои тимови играат ефективно 52 минути, други 43 минути, а трети 58 минути. Ако сето тоа се собере во текот на една лигашка сезона, разликите стануваат големи. Друга работа што треба да се земе предвид е дека навивачите и на стадионот и во близина на ТВ екранот плаќаат со своите пари за да гледаат фудбалски натпревар од 90 минути, но понекогаш гледаат по 44-45 минути игра. Половина од цената на билетот оди на време на неактивност. Поголемиот дел од времето се троши на изведување аут или гол-аут – рече Колина.

Поради лакомоста на Рајола и Алф-Инге пропаѓа трансферот на Халанд во Манчестер сити?

Беше спасен фудбалот пред 30 години, сега се планира да се направи истото. Колина продолжи да ја објасни моменталната ситуација во фудбалот која очигледно сака да ја поправи.

– Пред 30 години беше донесена одлука играчот да не може намерно да ја шутне топката назад кон голманот за да ја земе во раце, што го направи фудбалот поинтересен. И сега размислуваме да направиме нешто слично – се зборовите на Колина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот