Колев за БГНЕС: МИА и МРТ користат говор на омраза насочена кон Бугарија

Петар Колев / фото: Утрински брифинг/Слободен печат

Претседателот на македонската политичка партија ГДУ, Петар Колев, во интервју за БГНЕС вели дека македонските медиуми постојано се користат со говор на омраза кон Бугарија и додава дека со говор на омраза се користат и македонските политичари. Како пример ги наведува Македонската информативна агенција (МИА) и Македонската радио телевизија (МРТ).

– Знаеме дека македонските медиуми многу често користат финансирање и субвенции од државниот буџет. Ако тоа не може да се случи во приватниот сектор, останува клучното прашање со државните медиуми. Овој говор на омраза го има во МИА и во МРТ, вели Колев.

Тој додава Северна Македонија не се однесува европски и ја провоцира официјална Софија, на чијашто провокација Софија не може да премолчи.

– Тоа е пропаганда која има една единствена цел, а тоа да се продлабочи конфликтот со Бугарија, да се стигне до една точка од каде што враќање назад ќе нема и колку е можно подолго Македонија да не биде дел од ЕУ, истакнува Колев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот