Кокаин во вредност од над 100 милиони евра запленет во Италија

Заплена на кокаин / фото: МИА

Италијанските медиуми информираат дека дрогата била со потекло од Бразил, додека во Италија пристигнала скриена во неколку гранитни плочки.

Полицијата во Италија денеска запленила чист кокаин во вредност од над 100 милиони евра.

Италијанските медиуми информираат дека дрогата била со потекло од Бразил, додека во Италија пристигнала скриена во неколку гранитни плочки.

Во голема полициска акција на „Guardia di Finanza“ биле уапсени четворица шверцери, меѓу кои Италијанец, Хрват, Албанец и Бразилец, кои се товарат за меѓународна трговија со дрога.

Во наредните денови се очекува тие да бидат сослушани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот