Кој може да го замени Бензема: Можните кандидати за нов напаѓач на Реал Мадрид

фото: EPA-EFE/Juanjo Martin

Францускиот добитник на „Златната топка“, Карим Бензема ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната, по 14 сезони поминати во Мадрид, објави во неделата „Кралскиот“ клуб.

На Реал ќе му биде тешко да го замени голгетерскиот учинок на Бензема, кој го даваше максимумот по заминувањето на Кристијано Роналдо од Мадрид. Шпанските медиуми веќе шпекулираат за можните опции во нападот на Реал.

Како прва опција се издвојува Хари Кејн, кој е желен за трофеи. 30-годишниот фудбалер никогаш не играл надвор од Островот, а Реал го смета за најдобар избор со оглед на моменталните можности.

Наводно, претседателот на Тотенхем, Даниел Леви нема проблем да го продаде Кејн, но само на клуб надвор од Премиер лигата, тврди шпанска „Марка“.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ги сака Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе, но речиси е невозможно да ги доведе во овој преоден рок.

Потоа, најдобриот стрелец во Серија А, соиграчот на Елиф Елмас во Наполи, Виктор Осимен е меѓу можните кандидати, иако првиот човек на италијанскиот шампион Аурелио Де Лаурентис неодамна изјави дека нема шанси младиот нигериски напаѓач да го напушти Неапол.

Да додадеме дека Реал ова лето го напуштаат и Марко Асенсио, Маријано Дијаз и Еден Азар, а моментно тренерот на екипата Карло Анчелоти ги има на располагање само Винисиус и Родриго како напаѓачки опции, но се очекува бразилското дуо да ги завземе крилните позиции.

Со „кралскиот“ дрес се поврзува и името на досегашниот напаѓач на Јувентус, Душан Влаховиќ за кој „Старата дама“ бара 80 милиони евра, а на листата се наоѓа и Лаутаро Мартинез од Интер кој наскоро ќе игра финале во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот