Кој го држи центарот на Мариупол, контрадикторни информации

Мариупол/Фото: EPN/Newscom / Newscom / Profimedia

Проруските сепаратисти во источна Украина тврдат дека во голема мера го контролираат центарот на опколениот пристанишен град Мариупол, јави ДПА.

– Можеме да кажеме дека главната битка во централниот дел на градот е завршена, изјави денеска портпаролот на проруските сили во регионот на Доњецк, Едуард Басурин за руската државна телевизија.

Украина ги отфрла таквите наводи.

– Мариупол се држи, рече Олексиј Орестович, советник на претседателот на Зеленски.

Според сепаратистите, борбите сега главно се ограничени на градското пристаниште и челичарницата. Басурин тврди дека околу 3.000 украински војници останале во градот опколен од руски војници.

Градската управа, која побегна од Мариупол, смета дека во борбите за градот веќе се убиени десетици илјади цивили, а обидите за евакуација на преостанатото цивилно население неколкупати пропаднаа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот