Кој е виновен – Тухел или Лукаку: Фудбалерот вреден 115 милиони евра само седум пати да допре топката за 90 минути

Ромелу Лукаку минатото лето од Интер за сума од 115 милиони евра потпиша за Челси/ фото: EPA-EFE/Vince Mignott

Ромелу Лукаку минатото лето за сума од 115 милиони евра од Интер се пресели во Челси, но засега не ги оправдува вложените средства и на последниот натпревар за „сините“ буквално се посрамоти.

Лукаку на натпреварот против Кристал Палас ги помина сите 90 минути на теренот, но за тоа време само седум пати ја допре топката. Од тоа, три пати ја загуби топката, и притоа не упати ниту еден шут кон противничкиот гол.

Според педантните Англичани, досега во историјата на Премиер лигата, ниту еден фудбалер немал помалку контакти со топката од Лукаку.
Поради тоа, во медумите започна дискусија за тоа кој е виновен за катастрофалната статистика на напаѓачот на Челси, дали тоа е самиот фудбалер или менаџерот Томас Тухел, кој не го прилагоди начинот на игра на Лукаку.

Легендарниот англиски фудбалер, Гери Линекер, смета Лукаку не смее да биде единствен виновник поради слабите игри, а истото мислење го дели и Алан Ширер.

– Лукаку имаше седум контакти со топката против Кристал Палас? Чија е вината за тоа, на фудбалерот или на Тухел? И двајцата се виновни, Тухел бидејќи не знае што сака и што да очекува од својот напаѓач. Не може да го платите толку многу и да не го користите во играта, да ги искористите неговите квалитети. Лукаку пак, не смее да се откаже, тој против Палас едноставно престана да трча бидејќи топката не доаѓаше до него. Сигурен сум дека ова ги фрустрира сите во Челси. Доколку сум на негово место знам што треба да направам на полувремето, ќе ја барам топката – вели Ширер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот