Кој е најпосетениот натпревар во историјата на ЕП

epa09267782 Fans of North Macedonia cheer prior to the UEFA EURO 2020 group C preliminary round soccer match between Austria and North Macedonia in Bucharest, Romania, 13 June 2021. EPA-EFE/Vadim Ghirda / POOL (RESTRICTIONS: For editorial news reporting purposes only. Images must appear as still images and must not emulate match action video footage. Photographs published in online publications shall have an interval of at least 20 seconds between the posting.)

Европското првенство со една година „задоцнување“ изминатиот викенд започна, а на него се вратија и навивачите на трибините.
УЕФА дозволи во натгпреварите од групната фаза капацитетот на стадионите да биде исполнет од 25 па се до 50 проценти. На Националната Арена во Букурешт, вчера околу 4.000 македонски фанови ги бодреа фудбалерите во поразот од Австрија.

Европските првенства се играат од 1960 година, а интересно е што капацитетите на стадионите во минатото беа поголеми отколку во денешно време. Причина за тоа е што во минатото беше дозволено и стоење на трибините, додека сега според правилата на УЕФА, на стадионите мора да има само столчиња за седење.

Најпосетен натпревар на едно Европско првенство е финалето од 1964 година кога Шпанија во финалето го совлада првиот победник на ЕП, тогашниот СССР со 2:1. Натпреварот се играше на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, а на трибините имаше 79.115 гледачи.
Најпосетено Европско првенство е тоа што се одржа 1988 година во Германија. Просечната посетеност по натпревар изнесуваше 59.243 навивачи.

Што се однесува до вкупната посетеност на едно Европско првенство е последното кое во 2016 година се одржа во Франција. Натпреварите на ЕП 2016 ги следеа вкупно 2.427.303 навивачи.
Историјата на Европските првенства исто така нуди и негативни рекорди.
Апсолутен рекордер во оваа категорија и првото ЕП кое во 1960 година се одржа во Франција. Натпреварите просечно ги следеа по 19.740 навивачи, а вкупно целосто првенство го следеа 78.958 навивачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот