Кои се ликовите од песните на Џони Штулиќ? (ВИДЕО)

facebook

Бранимир Џони Штулиќ, фронтменот на групата „Азра“ е една од најголемите рок-икони на овие простори, а денес полни 67 години. Штулиќ се повлече од јавноста, со медиумите ретко комуницира. Многумина го опишуваат како најголем рок-поет на овие простори, а што е рок-поетот или секој друг поет без своите извори на инспирација? Кои се жените и мажите за кои Џони Штулиќ пишувал и пеел?

Грација

Едно од најпознатите женски имиња во неговотo творештво е секако Грација. Во книгата „Фантом на слободата“ на Хрвоје Хорват откриено е дека Грација Педиќ е девојка во која Штулиќ се вљубил за време на летувањето на островот Силба, каде што често престојувал. После оваа фатална средба тој ја оставил својата тогашна девојка Бранка Бакариќ и на Грација и посветил една од своите најпознати песни.

„Се сеќавам на тоа летување на Силба. Џони само дојде до мене и почна да свири. За еден ден создаде две песни кои подоцна се најдоа на албумот „Сунчана страна улице“, раскажува сценографот Далибор Лагиња.

Марина

Марина била студентка на историја на уметност од Истра. Денес наводно се занимава со грнчарство. Никогаш не се појавила да ја потврди оваа приказна.

Сузи Ф

Сузи Ф е уште една негова љубов од Силба. Во тоа време овој остров бил „совршена околина за духовен развој на младината“. Кампот во кој летувале бил отсечен од светот, а по храна и по вода морале да одат во соседното село. Доаѓале туристи од цела Европа, па така едно лето се појавила и австријката Сузи Ф.

Мирна

Мирна Црнобори е главна хероина на песната „Случајна средба“.

„Џони беше позитивен лик, благ човек, чувствителен со луѓето и многу претпазлив во контактите со оние кои ги запознаваше. На почетокот не беше многу важен лик, но дефинтивно беше чудна птица во јатото, чуден човек. Бевме соседи, прозор до прозор и тие песни се мои, иако никогаш целосно не се осетив како негов пријател.“, вели Мирна, која живее во Холандија.

Бранка Бакариќ

Еден од најголемите хитови на Азра „Одлазак у ноч“, ја опишува неговата авантура, а подоцна и врска со Бранка Бакариќ.

„Многу млада се омажив и се разведов. После разводот се вратив кај моите родители и на една журка го запознав Џони. Утредента истото друштво од журката организираше излет и тогаш некако го наговорив Џони да се најде со мене, да излеземе. Тој доаѓаше пеш од неговиот крај на градот, а јас со својот автомобил. Се сретнувавме на пола пат и потоа заедно исчезнувавме во ноќта“, вели Бранка.

Весна и Влатка Пришт

Песната „Лијепе жене пролазе кроз град“ Штулиќ ја напишал првенствено за Влатка Пришт, која ја преименувал во Маја бидејќи таа никогаш не потклекнала на неговиот шарм.

Снежана Бановиќ

Снежана е главен лик од неколку песни на Азра кои се големи хитови како што се „Живот обичног темпа“ , „Јеси ли сама вечерас”, „Волим те кад причаш” и „Усне вреле вишње”.

„Кој тоа таму пее?“
Дел од фановите на Џони Штулиќ сакаат да мислат дека песната „Кој тоа таму пее?“, во која тој се пресметува со неименувана политичка фигура, е напишана за Јосип Броз Тито.

Кој е Мики?

Мики, најпознатиот лик од неговите песни, чие име се спомнува во три песни („Кад Мики каже да се боји“, „Марина“, „Пољуби ме“) всушност не е вистински, реален лик. Тој е метафора на малиот човек во општеството во чија кожа се „ставал“ и самиот Штулиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот