Коциќ: Проблемот со возачките дозволи беше исцениран од ВМРО-ДПМНЕ

Ненад Коциќ - пратеник од СДСМ / Фото: "Слободен печат" / Слободан Ѓуриќ

Пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ смета дека заедничка кауза треба да биде да направиме подобро место за живеење во оваа држава за сите граѓани.

-Не сакам да се мешам во тоа што се случува во Алијанса за Албанците, затоа што тоа е внатрешна работа на партијата. Објаснувањето на сегашниот премиер Талат Џафери , а и законот кажува дека врз основа на пржинскиот договор, точно се знае колку министри и дополнителни заменици министри одат од опозицијата, и можат да партиципираат во техничката влада. А самите министри рекле дека ќе дејствуваат опозициски. Ние гласавме за мандатар кој ке ги предложува министрите. По негово барање беше двајцата министри од Алијанса да бидат разрешени. Бидејќи сами се изјасниле дека ќе делуваат опозициски, излегува дека, го кршиме законот доколку не бидат сменети. Навистина не знам зошто би била главната кауза на една партија да биде да уништи друга партија. Нашата заедничка кауза на сите треба да биде да направиме подобро место за живеење во оваа држава за сите граѓани –  рече Коциќ во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.

Тој изрази уверување дека ќе биде потполнето местото на членот на ДИК, како и дека секогаш кога СДСМ организира избори тие се фер и демократски.

Според него, единствена цел на техничкиот министер за внатрешни работи е да создаде хаос и дека проблемот за возачките дозволи бил исцениран од ВМРО-ДПМНЕ.

-Точно е дека парламентарните избори се распишаа, очекуваме дека Македонија ке го продолжи патот кон евроинтеграциите, нема да дозволиме да бидеме опструирани во нашите европски интеграции и дека оваа држава ќе се развива и после изборите на 8 мај како нормална европска демократија. Точно е дека настанаа проблеми околу собраќајните дозволи, меѓутоа тоа не може да влијае на процесот на избори затоа што личните карти се валидни и граѓаните ќе можат да гласаат со личните карти кои што ги имаат. Проблемот кој што настана со возачките дозволим ислам дека беше намерно исцениран од партијата која како опозиција влезе во техничката влада, со тоа што ние имаме закон донесен 2021 година, кој што предвидуваше замена на возачките дозволи и книшки, до 12.02.2024 година, меѓутоа најавите на претседателот Ковачевски и екс министерот Спасовски дека нема да има казнување за граѓаните кои што не ги смениле, бидејќи тоа се однесува за граѓаните на оваа држава. Иста изјава имаше и сега техничкиот министер од ВМРО-ДПМНЕ на 06.02.2024 година, дека нема да бидат казнувани за после неколку дена, во објава од МВР дека граѓаните ке бидат казнувани доколку не направат промена на возачките дозволи, што создаде немир и хаос во општеството – рече  Коциќ.

Тој посочи дека не се очекувало од оние кои седум години се удирале во гради дека никогаш нема да ја признаат „северна“ први настапиле со казни кон граѓаните.

-Единствена цел на техничкиот министер е да создаде хаос. Има пропусти во организацијата и можеше подобро да се организира, меѓутоа ДПМНЕ ја искористија оваа состојба и направија граѓаните да се чувствуваат небезбедни, загрозени, но добро е што успеавме овој проблем многу брзо да го решиме – рече Коциќ.

Тој подвлече дека, СДСМ и владината коалиција може единствено да ја внесе државата во ЕУ за разлика од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот