Кочанчани со порака до „Пејпер Мил“: Доста не труевте, а работниците лесно ќе си најдат друга работа!

Им благодариме им што ја затворија „Пејпер Мил“, ќе ги честиме, а тоа што се обидуваат да ја заплашат јавноста дека работниците ќе изгубеле работа, нека не се грижат, во Кочани има хроничен недостиг на работна сила, за кратко време луѓето ќе си најдат нова работа, се првите коментари на кочанчани по објавената вест дека газдите на „Пејпер Мил“ ќе ја затворат фабриката, бидејќи не им се исплатело да работат со гас наместо како досега да согоруваат пелети.

„Во нашиот град последниве години доаѓаат луѓе од други градови од Истокот за да работат во фирмите во нашиот град. Еве, јас им издавав стан на работници од Пехчево“, вели Тони Тасевски, жител на Кочани.

Фабриката „Пејпер мил” беше посочувана како еден од главните загадувачи на воздухот во Кочани, поради што се одржаа повеќе граѓански протести на кои жителите на овој град бараа од надлежните во државата итно преземање мерки за да престане загадувањето. На крајот од минатата година Државниот инспекторат за животна средина им изрече на сопственицие казна од 20 илјади евра и им наложи „Пејпер Мил“ како енергенс за производствениот процес наместо пелети, да користи метан.

Според одговорни лица од фабриката, причината за затворањето е што нема исплатливост за понатамошно работење ако како енергенс се користи метан, поради големата економска криза.

Се затвори фабриката „Пејпер мил” во Кочани, најголемиот загадувач на воздухот во градот

Одлука на ДИЖС: Кочански „Пејпер Мил“ е казнет со 20.000 евра поради загадување, следно забрана за работа

ВИДЕО: Предложена казна во износ од 20.000 евра за фабриката „Пејпер Мил”

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот