Одлука на ДИЖС: Кочански „Пејпер Мил“ е казнет со 20.000 евра поради загадување, следно забрана за работа

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) денеска соопшти дека интензивно работи на спречување на загадувањето од „Пејпер Мил“ од Кочани и оти инсистира на почитување на законите. Промените што ги правел инвеститорот не дале резултати и фирмата е казнета со 20.000 евра.

– Од првиот вонреден надзор над инсталацијата на 4 ноември во 2020 година, направени се две мерења (на 13.11.2020 и 02.12.2020) и двапати е констатирано надминување на дозволените вредности. Промените во процесот и опремата што во меѓувреме ги правеше инвеститорот, не дадоа резултат. Предложена е казна од 20.000 евра, со Решение е наредено да се врши редовно мерење на емисиите, а „Пејпер Мил“ се обврза да инвестира во вреќаст филтер поради повеќекратно намалување на емисиите, соопштија денеска од Државниот инспекторат за животна средина.

Наредното мерење на емисиите од инспекторатот го најавија за 30 декември и доколку се докаже дека повторно загадува, ќе се нареди работењето да премине на плин.

– Доколку со ова мерење се докаже надминување на граничните вредности, ќе се нареди инсталацијата да престане да го користи котелот на пелети и да премине на плин. Во спротивно ќе се забрани работењето, се до обезбедување на филтерот и водење на процесот на начин на кој нема да се загадува Кочани, потенцираат од ДИЖС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот