Коалицијата за подобра Македонија се преименува во Коалиција за обнова на Македонија

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ на вечерашните консултации со коалиционите партии дал предлог Коалицијата за подобра Македонија да се преименува во Коалиција за обнова на Македонија, а потоа предлогот бил едногласно прифатен.

– На Македонија и е потребна обнова после овој арамилук што се случува трета година по ред. Ветуваме многу работа, ветуваме реформи во многу сегменти- нула толеранција за криминалот и корупцијата, а потоа економски бум. Тоа ќе бидат столбовите на кои ќе се темели новата кампања на веќе новата Коалиција за обнова на Македонија – истакнал Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот