Клоп најави заминување од Ливерпул

EPA-EFE/PETER

Јирген Клоп речиси ја заврши својата мисија во Ливерпул, триумфира во Лигата на шампионите, го врати клубот во европскиот врв и му остана само уште еден предизвик. Тоа е Премиер лигата, титулата која навивачите на „црвените“ ја чекаат 30 години.

Германецот во интервју за „Кикер“ најави дека по завршување на договорот со Ливерпул, ќе си замине од „Енфилд“.

– Се чини дека ќе биде така. Но, кој може со сигурност нешто да тврди денеска, никој не знае што ќе се случи за три години. Доколку видам дека нема да можам да продолжам да работам со ова темпо,
ќе си земам одмор и потоа ќе носам одлуки. Имам енергија, но не сакам без емоции да ја работам оваа работа. Јас се внесувам целосно во работата. Затоа велам дека ако не сум вистинскиот Јирген, тогаш ќе си земам одмор – вели Клоп за „Кикер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот