Клоп ќе добие две засилувања за почеток на доминацијата во Премиер лигата

twitter/liverpoolfcnews

Американските сопственици сепак ќе му исполнат две желби на Јирген Клоп кој со новите засилувања би бил апсолутен фаворит за титулата наредната сезона.

Иако првично беше најавено дека менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп нема да добие ниту едно засилување во летниот преоден рок, американските сопственици се премислија и најавија две екстра засилувања.

твитер

Едното е познато, напаѓачот на Лајпциг и на германската репрезентација, Тимо Вернер, за сума од околу 50 милиони евра се очекува да пристигне на „Енфилд“, а се шпекулира дека веќе има потпишано и преддоговор со англискиот тим.

Второто екстра засилување е вистинско изненадување бидејќи станува за најбараниот дефанзивец во моментов, Калиду Кулибали.

twitter/Bleacher Report

Иако се споменуваше негова преселба во ПСЖ, играчот на Наполи не сака да се пресели во Франција и доколку не остане во Италија, тогаш сака да биде продаден на некоја екипа од Премиер лигата, во прв ред Ливерпул или Манчестер јунајтед.

Се чини дека Ливерпул има предност бидејќи има одличен тим кој во следната сезона ќе јуриша за сите трофеи, додека Јунајтед најверојатно нема да игра во Лигата на шампионите.

Клоп се надева дека поради пандемијата на коронавирусот ќе успее да дојде до потписот со Кулибали за сума од 60 милиони евра, а подготвен е во трансферот да вметне некој играч кој не е во прв план.

Доколку се реализира трансферот тогаш Ливерпул ќе добие вистински бедем пред голот на Алисон во Кулибали и Вирџил ван Дајк.

Евентуалните дополнителни засилувања ќе зависат од продажбата на дел од играчите, Дивор Ориги и Дејан Ловрен се на излезни врати, најверојатно ќе биде продаден Марко Грујиќ кој игра како позајмен играч во Херта, а се очекува и заработка од продажбата на Дивор Ориги. Со парите би се купил дефанзивецот на Вердер Милота Рашица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот