Кирјос продолжува да го провоцира Ѓоковиќ (ВИДЕО)
Од почетокот на пролетта, во пресрет на грен слем турнирот „Ролан Гарос“ во Париз, Кирјос (24) како да е опседнат од ликот и делото на српскиот ас Ѓоковиќ.
Дали повеќе го болат успесите на популарниот Ноле или станува збор за неговото некултурно однесување и непочит спрема останатите.
Nick Kyrgios does not like the fan wearing a @DjokerNole shirt ? pic.twitter.com/eIaYIvMbRR
— Talking Tour (@TalkingTour) July 25, 2019
Веројатно и едното и другото, па со месеци не прекинува Австралиецот негативно да коментира за првиот тенисер на светот.
Сигурно се сеќавате, неколку часа пред финалето на „Вимблдон“ на социјалните мрежи го „замоли“ Федерер да го победи Ѓоковиќ во борбата за титулата.
На видеото Кирјос сретнува едно момче кој носеше маица со ликот на Ѓоковиќ, а на прашање што мисли за него, Кирјос зема фломастер и го чкртна името на Ѓоковиќ.