Кириакидес: Вакцината за коронавирус би можела да биде достапна до крајот на годината

epa08547074 European Commissioner for Health Stella Kyriakides speaks during a media conference at the EU headquarters in Brussels, Belgium, 15 July 2020. The European Commission briefed the media on the day about the preparedness for future possible outbreaks of coronavirus disease (COVID-19). EPA-EFE/FRANCISCO SECO / POOL

Таа ги повика владите „изворот на заразата брзо локално да го изолираат со тестирање, пронаоѓање на контактите и моментална изолација“ на заразените.

Европскот комесар за здравство Стела Кириакидес изјави дека вакцината против ковид-19 би можела да биде достапна до крајот на оваа година.

„Иако во овој момент ризично е да се предвидува, имаме некои добри показатели дека иницијалната вакцина би можела да биде достапна до крајот на година или почетокот на следната“, рече Куриакидес во разговор за интернет изданието на Ханделсблат.

Вакцината нема да ги реши сите проблеми одеднаш, но би овозможило потепено враќање во нормала, изјави таа, под услов да се вакцинира „критичната маса граѓани, посебни оние во ризичните групи“.

Научниците не знаат кога вакцината би можела да биде достапна зошто нејзиниот развој може да трае со години или пак, теоретски, би можел да се покаже и како невозможен.

Шефицата за здравство предупреди и на се поголемиот број помали и поголеми жариште од коронавирусот во неколку држави членки на ЕУ.

Ги повика владите „изворот на заразата брзо локално да го изолираат со тестирање, пронаоѓање на контактите и моментална изолација“ на заразените.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот