Кино салите низ земјава ќе останат отворени додека Владата не донесе поинаква одлука

Затворено е само киното во Центарот за култура во Битола, додека другите се’ уште работат.

„Кината не ги затвораме зашто нема таква одлука од владата“, велат од „Синеплекс“ кои во Скопје имаат девет кино сали и секојдневна програма. Од кино салите низ земјата, поради коронавирусот затворено е само киното во Центарот за култура во Битола, додека другите се’ уште работат.
Ако добиеме одлука за затворање на кино салите заради корона вирусот, тоа веднаш ќе го направиме, велат од „Синеплекс“ за „Слободен печат“.

Сличен е и одговорот од киното „Милениум“ кое има капацитет од околу 500 седишта, и е под надлежност на Младинскиот културен центар. Тоа продолжува да работи се’ додека евентуално владата не одлучи поинаку.

„Работат училиштата и градинките, а владата издаде само препорака за избегнување на поголеми собири. Но доколку добиеме одлука за затворање на кино салите, веднаш ќе го сториме тоа“, велат надлежните за кино „Милениум“.

Во хотелот „Александар Палас“ имало само едно откажување на настан, кој бил организиран од странци. Свадбите и другите настани се уште се резервирани, информираат од хотелот.

Од хотелот „Холидеј ин“ побараа прашањето, дали имаат откажувања на настани, да им го поставиме по мејл – по што кратко одговорија:

„Во моментот не можеме да Ви доставиме информација, затоа што лицето кое работи ПР за нашата компанија е отсутно“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот