Кинезите реагираат: Шуаи Пенг ужива дома, слободна е и наскоро ќе се појави во јавноста

Шуаи Пенг обвини поранешен кинески вицепремиер за силување и оттогаш ја нема во јавноста/ фото: EPA-EFE/FRANCIS MALASIG

Ху Чији, еден од уредниците на весникот Глобал тајмс од Кина, медиум кој е означен како еден од оние кои блиску соработуваат со државата, тврди дека Шуаи Пенг е добро, дека ужива во својот дом и дека наскоро ќе се обрати во јавноста.

Кинеската тенисерка се наоѓа во центарот на светската спортска јавност од 2 ноември кога објави дека била силувана од вицепремиерот на Кина, Занг Гаоли. Нејзината објава на кинеската социјална мрежа Веибо, за само 20 минути беше избришана и оттогаш Пенг е недостапна за јавноста. Никој не успеа да стапи во контакт со неа, претседателот на ВТА изјави дека неколку пати се обидел да контактира со Пенг, но неуспешно поради што се зголемија сомнежите дека тенисерката е под контрола на државата.

За да се смири тензијата, пред неколку дена беше објавено наводно нејзино писмо во кое тврди дека приказната со силувањето од страна на вицепремиерот е невистина. Денеска, повторно кинески медиум кој е близок до комунистичката партија, објави дека Шуаи Пенг е добро.

„Од свои извори денеска добив фотографии кои ја прикажуваат моменталната ситуација на Шуаи Пенг. Во изминатите неколку дена таа е во својот дом, слободна е и не сака никој да ја вознемирува. Наскоро ќе се појави во јавноста и ќе учествува во некои активности“, напиша Чијин на својот профил на Твитер.

Новинската агенција Ројтерс која ја презее веста за Пенг, не успеа од свои извори да ја утврди автентичноста на фотографиите. Наводно, фотографиите се од социјалната мрежа „WeChat“ преку кои Пенг се огласи со коментар „среќен викенд“ кои потоа нејзин пријател направил скриншот од нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот